Купила лото грепка да му докаже на сопругот дека само фрла пари – и добила милионче!


Гленда Блеквел сакала да го одучи својот сопруг од фрлање пари на лото и купила две грепки за пред него да покаже дека нема шанси да добие ништо – но едната била добитна!

57 годишната Гленда од Личестер за првпат во животот играла на среќа за да му докаже на сопругот дека тоа не успева.grepka

– Сакав да му одржам лекција да не ги фрла парите на тоа. Морав да ги голтнам зборовите – но вредеше!

Таа добила еден милион долари на една грепка, а чистата добивка по одбивањето на данокот била 500 000 долари.

Гленда и нејзиното семејство имале проблеми со парите, а сега ќе можат да си купат куќа и да го платат школувањето на нејзините две внуки.

Сепак, на крајот ќе биде по нејзино – таа и сопругот се заколнале дека никогаш повеќе нема да играат лото!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1