Tројца млади Американци од Њу Палц северно од Њујорк, неодамна во стар тросед пронашле вкупно 40 илјади долари сокриени во неколку коверти, за кои подоцна се утврдило дека биле живтната заштеда на една повозрасна госпоѓа.
„Само вадевме коверти и коверти. Ни паднаа буквално вилиците, на сите нам, тоа е несфатлива сума”, рекла Кели Гуасти, социјална работничка којашто го делела станот со двајца цимери во Њу Палц за агенцијата Associated Press.
Појаснила дека таа и нејзините пријатели го купиле стариот кауч во март. Забележале дека потпорката имала чудни изобличувања, но не им се брзало да го поправат. Меѓутоа, на едниот од нив, студентот Рис Веркхофен, во април му здодеало да се потпира на непријатната потпорка за раце, па решил да го отвори патентот и пронашол коверт со четири илјади долари. Потоа тој, Кели и третата цимерка Лара Русо почнале да пребаруваат и продолжиле да извлекуваат од под навлаката коверти со вкупно 40.800 долари.
„Искрено, бев вон себе. Врескавме. Нашите соседи мислеа дека сме добиле на лотарија”, додала Русо. Гуасти рекла дека ги послале парите и почнале да бројат.
Во ковертот меѓу банкнотите било и името на жената на којашто ѝ припаѓале парите., Веркхофен ја побарал другото утро и утврдил дека станува збор за жена на 91 година. Дошле кај не адома, а таа се расплакала кога ги вратиле парите.
Нејзиното семејство го подарила троседот на организацијата Армија на спасот додека таа била отсутна, а тројцата цимери го купиле во продавница на организацијата.
Младите луѓе објаснуваат дека едноставно сметале дека парите не се нивни и дека би било погрешно да ги задржат.