Купувате недвижности? Внимавајте на овие работи!


Кога купувате нов дом и сакате да биде совршен, мора да сфатите дека наоѓањето на таков дом зависи од вас, како и од моменталната понуда. Ако вашите потреби се скромни, лесно ќе најдете соодветен стан. Од друга страна, големо семејството или пребирливи клиенти, може да потрошат многу повеќе време и нерви за пронаоѓање на стан.

Купување на стан или куќа, за многумина е најголемата инвестиција во животот и разбирливо е зошто купувачите често се пребирливи. Но, клиентите често се нетрпеливи кога купуваат имот, а особено кога „времето ги гази“, па мораат да прифатат и недвижност, што секогаш не е идеална за нив.stan pari kukja

Иако купувачите може се во можност лесно да го купат имотот, сепак, треба добро да размислат пред воопшто да дадат понуда за некоја недвижност.

Еве неколку совети, на што да посветите внимание кога купувате ннедвижности:

Избегнувајте лоша локација – Вредноста на недвижностите во голема мера зависи од локацијата. Покрај недвижноста, направете и проценка на соседството и околината.

Информирајте се за заедничките такси – Соберете доволно информации за што сè ќе треба да плаќате на име заеднички такси. Честопати излегуваат дополнителни трошоци, кои можат да бидат многу високи.

Број на бањи – Секогаш кога е можно, избегнувајте купување на стан или куќа со само еден тоалет. Домови кои вклучуваат најмалку две купатила, многу полесно можат да се продадат.

Без централно греење или климатизација – Некои постари објекти немаат воведено централно греење, а уште помалку климатизација. Иако за овие недостатоци, често продавачот дава големи попусти, таа заштеда тешко дека ќе ви се исплати. Недостатокот на соодветен систем за ладење и греење може да ви ја отежне шансата оваа недвижност некогаш да ја продадете.

Се наоѓа во прометна улица – Ако куќата, зградара или станот, се наоѓа во прометна улица, бидете подготвени да се справите со бучавата од сообраќајниот метеж и тоа секој ден. Покрај тоа, паркинг пред станот, или обидот да се дојде до станот или куќата во таква прометна улица, може да биде вистински кошмар.

Ниска вредноста на имотите во соседството – Купување на имот во област каде што цените се намалуваат, или се во застој не е паметна одлука. На овој начин, имотот ќе губи од вредноста, а тоа ќе биде многу лошо, доколку во иднина сакате истата недвижност да ја продадете.

Област изложена на можност од поплави – Иако денеска осигурувањето (доколку го имате) ги опфаќа речиси сите видови на несреќи, вклучувајќи и поплава, сепак, многу тешко ќе поминете ако тој стан или куќа сакате некогаш да ги продадете.

(Lider.mk)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1