Српскиот режисер Емир Кустурица на прославата на годишнината на партијата Српска напредна странка (СНС) порачал дека дошол за да му се заблагодари на премиерот Александар Вучиќ за поддршката на културата.
„Тешко е на нашиот народ да му се докажат добрите намери, и дека е подобро да им биде добро отколку да им биде лошо. Мислам дека Вучиќ успева да им покаже дека е подобро да им биде добро“, изјави славниот режисер.
Тој додаде и дека не е поддржувач на Бриселскиот договор со Косово, но дека му е јасно дека морала да се отвори вратата за живот.
„Косово е најголемото поглавје на политички грабеж во новата историја на Европа. И не е чудно што токму англиски министер ја донесе веста дека влегувањето во ЕУ зависи од признавањето на Косово. Британците уште за време на Отоманското царство нѐ нарекуваа Мали Руси. Русија застанува на нозе и важно е Србија да се држи до она на свети Сава – ни исток ни запад. Не смееме да се откажеме од митовите, бидејќи ни Америка не се откажува од Холивуд. Нема опстанување без митовите. На Балканот е поважно да се каже „не“, отколку покорно да се клима со главата и да се вика „да““, кажа Кустурица.
По критиките кажани од Кустурица британскиот амбасадор во Белград Денис Киф демонстративно ја напушти прославата, за што српските медиуми коментираат дека е крајно непримерен во дипломатската практика.
Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК