“Искрено, не очекував дека ќе победам, затоа што ме немаше повеќе од една година. Сакав да се вратам, пуштивме еден нов сингл “Земи се” и убаво ми е што се вратив со победа, вели победникот на годинашното издание ан Скопскиот фестивал.
-Се надевам дека песната ќе стане поголем хит од победата. Им благодарам на сите што ме поддржаа. Навистина е убаво што воопшто се врати фестивалот во полн сјај, вели Алабакоски за Вечер и додава дека сумата за првата награда е солидна и е мотив за да се борат авторите.
Пејачот открива дека дел од средствата што ќе ги добие како награда за првото место ќе ги потроши за честење на пријатели и роднини, дел ќе сочува, а дел ќе оди на сметката на Бигорскиот манастир – неговото духовно светилиште.