Лани 54 татковци користеле породилно отсуство


Жената оди на работа, а мажот го чува бебето. Минатата година според податоците од Фондот за здравство 54 татковци користеле породилно боледување. Најмногу вакви случаи во 2016-та имало во Скопје.tatko i bebe2

Вкупно 17 мажи, 9 месеци се грижеле за децата додека сопругите работеле. 8 вакви породилни отсуства се регистрирани во Битола, 4 во Струмица, по 3 во Велес, Кочани, Куманово, Охрид и Тетово. Статистиката на ФЗОМ покажува дека од година в година се зголемува бројот на мажи кои го искористиле оваа законско право. Како што видовме лани 54 татковци останале дома за да го чуваат бебето, во 2015 тоа го сториле 29 лица, во 2014 -14, во 2013-16, а во 2012-19. Според досегашните искуства мажи останувале на породилно поради несреќен случај или финансиски потреби.

Македонскиот закон за работни односи предвидува право на платено отсуство од работа заради бебе или само на мајката или само на таткото. Колкава е платата на корисникот толку пари му исплаќа државата 9 месеци. Ако таткото сака да ја искористи оваа можност треба да достави извод на родените за детето и потврда дека мајката се враќа на работа. Но, родилката тоа не смее да го направи во рок пократок од 45 дена по породувањето.

Ова право кое станува тренд и во Македонија повеќе години се спроведува во Западно европските земји, но таму извесен период и двајцата родители добиваат надомест. Во Исланд дури 90 отсто од татковците одат на породилно, во Шведска тоа го прават 85 проценти, Во Германија 15 насто, а во Велика Британија 8 отсто.

И познати светски личности ја користеле оваа можност. Принцот Вилијам и поранешниот премиер Дејвид Камерон се грижеле за своите деца во првите месеци од нивниот живот.

Во 2010 година и во Македонија имаше предлог закон заедно со мајките и татковците 2 месеци да имаат платено породилно боледување, но поради антикризните мерки оваа идеја не се реазлизираше. Засега нова иницијатива нема.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1