„Се случи тоа што не очекував. Имаме судијка без искуство. Добивме оценка на обвинителен акт, односно изземање на бомбите, истото што го побара Зоран Заев. За него е одобрено за мене одбиено. Судот е еден и ја во него верувам, а во судијката не. Очекувам брутално судење. Ние бараме тоа што му е дозволено на Зоран Заев да важи и за мене“, изјави уредникот Драган Павловиќ – Латас.
Латас е обвинет од СЈО во случајот Тотал. Според обвинението Павловиќ се товари за избегнување на плаќање данок. Според обвинението тој ја намалувал основицата за даночење со тоа што набавувал опрема за себе а ја евидентирал како опрема за фирмите.