Лав ја убил својата чуварка во Калифорнија (ФОТО/ВИДЕО)


kalifornija lav zenaЛавот по име Кус Кус ја убил 24-годишната волонтерка Дајан Хенсон во приватниот сафари-парк Кет хејвен (Рај за мачки) во Калифорнија.

Лавот бил убиен од локален полицаец, кој дошол во паркот по пријавувањето на нападот.  Медиумите јавуваат дека несреќната девојка сѐ уште била во кафезот кога стигнала полицијата, тешко повредена, но жива

.Директорот на паркот Дејл Андерсон плачел додека на новинарите им го читал соопштението во кое навел дека лавот ја нападнал волонтерката што се грижела за животните кога влегла во заштитениот простор во кој се наоѓало 4 годишното животно.

Лавот бил донесен во Кет хејвен кога имал осум недели во рамките на проектот за спасување лавови на непрофитната организација Проџект савајвал, која е сопственик на паркот.

zena kalifornija320297_lav01apfoto-uncredited_ff

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1