Лавров ја откажа посетата на Анкара – Москва повика Русите да не патуваат во Турција


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска им препорача на државјаните на земјата да не патуваат во Турција од било која причина, откако турската војска собори руски борбен авион.

„Донесовме одлука да ја откажеме средбата меѓу рускиот и турскиот министер за надворешни работи, која беше планирана да се одржи утре во Истанбул“, рече Лавров за новинарите.lavrov

Министерот го истакна и зголеменото ниво на опасност од тероризам во Турција, кое „не е пониско од тоа во Египет“. Лавров рече дека Министерството препорачува Русите да не ја посетуваат Турција.

„Треба да се нагласи дека заканите од тероризмот што има корени во Турција се влошени. А тоа е точно дури и ако не се земе предвид она што се случи денес“, рече Лавров. „Цениме дека заканите не се помали од тие во Египет.“

„Значи, поради тоа ние, се разбира, не им препорачуваме на нашите граѓани во овој момент да не ја посетуваат Република Турција за туризам или за други цели“, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави Турција и забила нож во грб на Русија и предупреди дека тоа ќе има сериозни последици врз билатералните односи меѓу двете земји. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека неговата земја има право да ги преземе сите мерки против нарушувањето на границите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1