Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров падна при излегувањето на бината на форумот „Русија – земја на можности“, пренесуваат светските медиуми.
Лавров се сопна и падна качувајќи се на бината, но не го забележал едното скалило.
-Се сопнав. Добро е што не паднав на дипломатски фронт, туку на скала, се нашали Лавров, а публиката го поздрави со аплауз.