Кирил Лазаров го испиша своето најзначајно поглавје во кариерата -ја освои Лигата на шампионите во ракомет и убаво беше да се види македонското знаме и на теренот и на трибините, па и околу вратот на Лазаров при изјавите.
Кирил Лазаров го исполни својот и стана европски ракометен првак, откако во финалето од Лигата на шампионите со Барселона го совлада унгарски Веспрем со 28:23, на фајнал фор турнирот во Келн.Клучна за победата на Каталонците беше предноста од четири голови остварена по првото полувреме (14:10). Во средината на вториот дел унгарскиот тим дојде до минус два, но немаше сили за пресврт.Лазаров поголемиот дел од натпреварот беше на клупата и не постигна гол поради пехот на почетокот од финалето кога заработил ситна повреда. Исто така тој не успеа да стане најдобар стрелец во ЛШ, но му се оствари желбата да го освои трофејот кој му недостигаше во неговата клупска кариера.
Сакам да им се заблагодарам на моите пријатели, моите најблиски, мојата фамилија кои секогаш беа покрај мене во текот на кариерата и секако на мојот татко, кој е починат, но и е најзаслужен за тоа што сум денес„ заклучи Лазаров со македонското знаме во микс-зоната по натпреварот. Вечерва со чартер лет новиот европски првак се враќа дома, а од утре започнува прославата на титулата.