Ејми Вилертон (22) во својата исповед јавно говори како лажен организатор за избор на убавина се обидел сексуално да ја злоупотреби.
Откако во медиумите е објавен невистинит текст во кој се тврди дека била киднапирана во синџир на проституција, оваа убавица посака јавно да каже што и се случило во октомври 2011 година.
Таа учествувала на мис за убавина во Јужна Кореја во декември 2010 година и потоа преку Фејсбук добила шанса повторно да се натпреварува на уште еден мис наредната година. На крајот излегло дека натпреварот Мис Азија Пацифик е лажен и еден ден на вратата и почукал организаторот на тој настан.
„Дојде во мојата соба и ми ја повлече надолу маичката“, изјави Ејми.
Иако продолжи да се натпреварува, а со својата убавина ги освои титулите на Мис Бристол и Мис Лондон, Ејми првенствено сака да ја подигне свеста за опасностите кои демнат во индустријата на убавината и да ги заштити младите модел од лоши искуства.
Kurir