Лажен полицаец се обидел да силува малолетничка во Кочани


Триесетичетирикодишен кочанец е осомничен за „силување во обид“ и „лажно претставување“.

МВР соопшти дека тој на 7 април облечен во униформа во близина на средно училиште во Кочани на две малолетнички, претставувајќи им се дека е полицаец, им побарал лични карти.policija grb oznaka

Во тој момент поминувала уште една малолетничка која, тој ја пресретнал со возилото и претставувајќи и се дека е полицаец и побарал лична карта. Откако девојчето изјавило дека нема лична карта, тој со возилото ја однел во куќата каде што престојувала и се обидел да ја силува. Во намерата бил спречен од роднини на девојчето.

Судија на претходна постапка на лажниот полицаец му одредил притвор во времетраење од 30 дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1