ПС Берово поднесе кривична пријава против Ш.Д. (37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
Во текот на август 2016 година, пријавениот на Д.Р. од Берово му дал фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра и од 100 евра со цел да подмири должничко-доверилтески односи. Од страна на полициските службеници од НК за КР-Берово повикан е пријавениот кој кажал дека парите му ги има дадено Г.С. од Берово со кој, исто така , бил извршен разговор при што лицето кажало дека поседува уште осум банкноти од по 50 евра за кои знае дека не се вистинити и истите доброволно ги предал во ПС Берово – стои во полицискиот билтен.