Лажно се претставиле дека се Алфи – момче им дозволило да го претресат, тие го ограбиле


Вчера во 21.30 часот на ул. „Пржино“ во Скопје, три непознати лица извршиле разбојништво над Е.С. (21).

Сторителите му се доближиле и му се претставиле дека се полициски службеници од единицата „Алфи“, му побарале лична карта, му го пребарале ранецот кој го носел, по што од паричникот му одзеле 3.000 денари и личната карта.

После тоа физички го нападнале удирајќи го во пределот на главата и телото, по што го напуштиле местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1