ЛДП го осуди настанот во МНР: Доста ни е од кројачи на медиумски лаги


Либерално-демократската партија остро и недвосмислено се оградува и се спротивставува на непрофесионалното и недолично однесување на вработениот од Министерството за надворешни работи. Според партијата, вработениот се осмелил да му се заканува на новинарот од „ТВ 21“, Фуркан Салиу, да не поставува прашања на јавен настан и притоа да го условува со наводно интервју по прес-конференцијата.

„ЛДП како партиципиент во власта е категорично против ваквото однесување на кој било од вработените во јавната администрација, министерствата или Владата, насочено кон средствата за јавно информирање. Ние 12 години се боревме против режим што ги практикуваше истите тие стандарди на однесување кон новинарите, медиумите и воопшто кон јавноста. Ниту тогаш, а ни сега, тоа нема ни да го поддржиме ни да го премолчиме. Доста ни е од кројачи на јавното мислење, доста ни се кројачи на спинови, доста ни е од кројачи на медиумски лаги и извртување на вистината. Во оваа држава никој нема право да ја загрозува слободата на медиумите и новинарите, но и правата на граѓаните да бидат информирани за прашања од јавен интерес“, велат од партијата.

ЛДП бара од МНР и од министерот јавно да се оградат од вработениот и да го истражат случајот, а воедно препорачуваме во најбрз можен рок во своето министерство да спроведе курс по демократија. ЛДП ги поддржува независното новинарство, слободата на медиумите и ќе се спротивстави н секое забегување на поединци од власта зошто за нас како граѓанска партија, слободата на говорот е темелна вредност на едно отворено и демократското општество, се додава во реакцијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1