Состојки
500 г брашно
1/2 свеж квасец (20 г)
1 кафена лажичка сол
300 мл вода
1/2 кафена лажичка шеќер
Приготвување
1. Во пластичен сад се ставаат сите состојки. Со дрвена лажица се замешува неколкупати, додека не се соединат сите состојки. Најтешкиот дел од работата е завршен.
2. Пластичниот сад го покриваме со крпа и го оставаме тестото да отстои 10-12 часа. Доколку е премногу топло, тестото слободно ставете го во фрижидер.
3. По 12 часа тестото е подготвено за печење. Вклучете ја рерната на 200 Целзиусови степени и садот за печење (кој мора да има поклопец) ставете го добро да се загрее.
4. Кога садот е загреан, лебот се префрла во него и се пече 30 минути на 200 Целзиусови степен, со поклопец, и уште 15 минути откриено.
6. Лебот треба да се лади минимум еден час за да биде крцкав и лесен за варење.
MiGusto