Лечат рак со убоди од пчели


Мнозинството луѓе кога ќе видат пчела прават се за да го избегнат нејзиниот убод, но не и пациентите во една клиника за акупунктура во Пекинг, која ги користи убодите од пчели како лек против смртоносни болести.

bee„Од минатата година до сега се чувствувам многу посилно„- рече еден пациент. „Кога ми беше дијагностициран рак на белите дробови и мозокот, лекарите ми дадоа нешто повеќе од една година живот„. Сега тој верува дека го дуплирал тоа време и дека за тоа може да им се заблагодари на убодите на пчелите.

-Ги третираме пациентите од бројни болести, од артритис до рак и се со позитивни резултати- вели Ванг Менглин, кој прави акупунктура со пчели.

Ванг вели дека терапијата е поефикасна од традиционалната акупунктура затоа што убодите од пчели го подобруваат протокот на крв и истовремено во телото внесуваат витамини.

Иако научниците сметаат дека нема доволно докази дека отровот од пчелите е ефикасен против болести, Ванг оваа метода ја предава и сега повеќе од 100 лица се занимаваат со овој вид на акупунктура.

-Потребни се две години за да се научи како да ја фатите главата на пчелата. Само тој едноставен процес бара две години учење. Зошто сакаме да ја исцедиме таа течност? Затоа што предизвикува алергии, болка, оток и чешање- вели тој.

И додека некои пациенти доаѓаат смртно болни, други убодите ги користат како превентивна мерка. Пред доаѓањето на клиниката, Ли техниката ја применувал сам и тоа со по 150 убоди.

-Кој е најдобар начин да спречите стареење? Терапијата со пчели функционира- тврди тој.

Иако болката од убодот не може да се намали, оние кои ја пробале техниката, велат дека болката исчезнува по пет минути. Пчелите проаѓаат многу полошо- умираат по еден убод.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1