Италијанскиот актер Карло Педерсоли, познат по уметничкото име Бад Спенсер почина во 86-тата година од животот, јавија италијанските медиуми повикувајќи се на соопштение од семејството.
-Тато почина денеска во 18.15 часот во потполн мир. Не патеше, а целото семејство беше со него. Неговите последни зборови беа „Ви благодарам“, изјави синоќа неговиот син Џозеф Педерсоли.
Бад Спенсер е роден на 31 октомври 1929 година во Неапол, а беше познат по улогите во „шпагети вестерните“ кои беа популарни во 70-тите години од минатиот век.
Прв голем успех постигна во филмот “They Call Me Trinity”, а во текот на неколку денецинската кариера играше во повеќе од 70 филмови.