Легија затворската келија ја претворил во уметничко дело


Милорад Улемек познат како Легија цртал по ѕидовите во затворот во Пожаревац, најдобриот затвор во Србија, пренесува српски Курир.

Тој е осуден на казна од 40 години поради убиство на  српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.LEGIJA1

Некогашниот командант на единицата за специјалци на Србија кажува дека имал насликано околу десетина слики по ѕидовите во својата затворска ќелија. Биле мали слики, но секоја од нив прикажувала дел од неговиот живот.

Легија пред неколку месеци побарал во затворот да му обезбедат прибор, па сега неговата келија изгледа како галерија.

Исто така, верувале или не, Легија во затворот до сега има напишано 16 книги, а моментално ја пишува и 17 -тата која се вика „Железо“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1