Пејачката Лејди Гага ги остави во шок обожавателите, само два дена откако откри дека има големи проблеми со здравјето, објави фотографија од болница со текст: Имам ужасни болки.
Гага објаснила дека е принудена да го откаже концертот предвиден за во Рио, објавувајќи на Твитер дека е очајна, но дека не се чувствува доволно добро за да дојде на настанот.
– Подготвена сум сѐ да направам за вас, но морам да се грижам за своето тело. Морав да останам во болница. Повторно имам силни болки. За мене се грижат најдобри лекари – посочила Гага на социјалните мрежи, која објави дека боледува од фибромиалгија, заради што мора да направи пауза.