Едно јајце се вари тврдо како за јадење. Се става во чаша и се залева со вински оцет – да го покрие. Престојува во оцетот 24 часа.
Кората се разградува а внатрешноста останува обложена со ципата. Таа се лупи без да се мие јајцето, откако ќе се извади од оцетот.
Јајцето се сече на три подеднакви делови и секој дел се јаде за појадок, ручек и пред вечера.
Се користи само еден ден. По осум месеци постапката може да се повтори.