Лекар клекнал на улица и плачел – при операција му умрел 19 годишен пациент


Фотографијата на “Reddit” ја поставил колега на лекарот, а настанала само неколку моменти откако ја загубил борбата за животот на 19-годишно момче во болница во Калифорнија.

Медицинскиот техничар Ник Мур, кој ја направил и поставил фотографијата на социјалната мрежа, напишал дека докторот од фотографијата не успеал да го спаси животот на својот пациент.

“Ова не е вообичаено во нашата работа – пациентите кои ги губиме се во главно стари или болни. Пациентот кој почина имаше 19 години и мојот колега е многу погоден од загубата”, напишал Мур вчера, но не открил за која болница станува збор.

doktor-pacient-reddit-01

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1