Лекари, механичари, професори.. – Kаков е во кревет – според неговата професија


Мажи во униформа – Како што кажуваат истражувањата: полицајците, пожарникарите, пилотите и останатите униформирани момци имаат исклучително добри љубовнички способности. Важно им е жената да биде задоволна, а испитаничките кои биле во врска со вакви мажи велат дека нивните сексуални животи се одлични. Им недостига само малку авантуристички дух во креветот.

lekariДоктори – Во кревет се многу нежни и романтични. Добри се за орален секс, но лоши во предиграта. Маана им е тоа што сексот со нив трае прилично кратко. Но добрата вест е што одржуваат редовен и активен сексуален живот.

Продавачи – Сакаат секс секој ден, а обожуваат играње улоги, како и користење на секс-играчки. Не сакаат кога жената ги одбива. Знаат да бидат напорни љубовници, но сексот со нив често трае кратко.

Работници во фабрика – Независно од позицијата на која работат, жените кои биле со маж од оваа гранка, велат дека овие мажи не се највешти љубовници. Сексот не е чест, а и не трае долго. Но затоа пак тие се диви во кревет, па сексот со нив е вистинска авантура.

Професори – Тие тешко прифаќаат кога се одбиени, а секс сакаат често – односно секој ден. Одлични се во предиграта, но сексот не трае долго. Сакаат да се мазат по чинот, што на жените им се допаѓа.

sleeping workУметници – Нивните партнерки велат дека се одлични љубовници кои ја задоволуваат женската фантазија. Одлично ја започнуваат предиграта, а и посветуваат огромно внимание на достигнувањето на оргазам. Но, често знаат воопшто да не се заинтересирани за секс.

Менаџери – Овие мажи се одлични љубовници и обожуваат да се мазат. Добри се за орален секс, но на предиграта и’ посветуваат многу малку внимание. Понекогаш се себични и го ставаат сопственото задоволство пред она на партнерката.

Архитекти и инженери – Нивните партнерки велат дека се креативни љубовници. Сакаат секси-играчки и се трудат да ја задоволат жената. Единствена маана им е што понекогаш се занесуваат во предиграта, па жената го губи понатамошниот интерес за секс.

Механичари – Најдобри за орален секс, но добри и за предигра, зошто знаат каде да го допрат женското тело. Имаат секс повеќе од два пати неделно, но често заспиваат по самиот чин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1