Египетската полиција разбила мрежа на трговија на новороденчиња, која за 300 бебиња добивала паричен надоместок од 570 долари.
Според зборовите на еден полициски истражител, уапсени се пет лица, меѓу кои две медицински сестри и еден лекар кој работел во каирската болница каде што децата биле продавани речиси во последните три години. Полицијата се уште трага по директорот на болницата.
Мрежата изведувала царски резови кај жените кои што им минал крајниот рок за аборутс и кои не сакале да ги задржат децата.
Во замена на лекарите им било одобрувано да ги продаваат новороденчињата, генерално на брачни двојки кои не можеле да имаат деца.
Посвојувањето е нелегално во Египет, затоа што некои одредби на семејното право се ослонуваат на исламското право. Некои двојки се обидувале да ги заобиколат ваквите одредби со купување на дете. Една американска двојка, во 2009 година, е осудена на две години затвор, откако се обиделе да купат дете во египетско сиропиталиште. Абортусот е нелегален кога е во прашање здравјето на мајката.