Одењето на свадба се претвори во трагедија која не само што го зави во црно семејството на едногодишниот Хусеин, туку ја зави во црно и цела македонска јавност. Малото момченце беше прегазено од такси само неколку минути пред да влезе на свадба со родителите, кај езерото Младост. Возачот не забележал дека детето истрчало, па го прегазил и за жал му немало спас.
Детенцето чии родители се родум од Македонија, било родено во Германија, а требало со родителите да присуствува на свадба во петокот, кога такси-возач налетал на него и го удрил во главата. Свадбената веселба била откажана.Г
Детето веднаш со возило на Брза помош било однесено во болница, лекарите дале се од себе да го реанимираат, но повредите биле фатални.