Лекарите и медицинскиот персонал кои ги згрижуваа ранетите ќе добијат плата плус


Владата одлучи на медицинскиот персонал ангажиран во време на полициската акција во Куманово, во Ургентниот центар на Комплексот клиники Мајка Тереза, во Општата градска болница 8 Септември – Скопје, во Универзитетската клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски – Скопје, во Општата градска болница во Куманово, во Итната медицинска помош во Скопје, во Итната медицинска помош во Куманово, и тимовите од итната медицинска помош од Штип, Велес и Свети Николе ангажирани во Куманово, да се додели финансиски надомест во висина од една месечна плата по медицински работник.Screenshot_154

 

Владата одлучи надлежните државни комунални, медицински и санитарни институции, во соработка со Општина Куманово и Град Скопје, да пристапат кон расчистување на теренот со цел обезбедување на потребните комунални и санитетски услови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1