Лекарите процениле дека не е опасен и го пуштиле на викенд – пукаше во девојката и се самоуби


Четириесет и девет годишниот Зоран Станковиќ, кој се обиде да ја убие 28-годишната љубовница Александра Лазиќ, па изврши самоубиство, во саботата, бил пуштен од Психијатриската болница во Смедерево поради лоша процена на лекарите, по што го извршил грозоморното дело.

srbija ubistvo

Тој, како што пренесува српски Курир, во болницата бил примен на 13 октомври, а откако лекарите процениле дека не е опасен по околината, во саботата го пуштиле на викенд.

– Во саботата беше пуштен на продолжен викенд. Од евиденцијата и прегледите лекарите заклучија дека не е опасен и нема психички проблеми. Ништо не укажувало на тоа дека некому ќе му пука во глава, па ќе се самоубие, вели изврор.

Девојката во која пукаше Зоран и понатаму се бори за живот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1