Лекарка со лажни прсти пријавувала доаѓање на колегите на работа


Лекарка во Сао Паоло е уапсена затоа што користела „прсти“ од силикони со вистински отисоци на прстите за да го излаже биометрискиот систем за евиденција за доаѓањето и одењето од работа, пишува бразилскиот весник „О Глобо“.

otpecatok prstЛекарката Туане Нунес Фереира е уапсена во неделата, а за фалсификуквање на јавен документ може да биде осудена на две до шест години затвор.

Полицијата за бразилскиот весник рече дека лекарката признала дека користела лажни прсти со втиснати отисоци на прсти  на 11 лекари и 20 медицински сестри, а  на апаратот ги пријавувала дека се дојдени на работа во пет ноќни смени секој месец, додека тие всушност доаѓале само еднаш месечно.

Според нејзините зборови, во измамата учествувале и директорот на болницата, кому персоналот за тоа му плаќал 2.400 долари месечно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1