Лекот диклофенак за болка, е опасен – предупредување до пациентите


Примената на диклофенак од сега е контраиндицирана кај пациенти со конгестивна инсуфициенција на срцето, болести на периферните артерии или цереброваскуларна болест. Пациентите кои имаат хипертензија, хиперлипидемија, дијабетес, треба да ја почнат терапијата по внимателна проценка.

banner_Diklofenak2Српската Агенција за лекови и медицински средства соопшти денеска дека упатиле предупредување до лекарите да бидат повнимателни при препишувањето на лекови на база на диклофенак заради ризик од појава на артериска тромбоемболија.

– Лековите на база на диклофенак не се повлекуваат од Србија туку е дадено предупредување и дополнителни упатства за лекарите за нивно препишување, изјави за Танјуг портпаролот на Агенцијата, Александар Туцовиќ.

Во писмото од Агенцијата се вели дека кај сите пациенти треба да се применува најмала ефективна доза во најкус временски период потребен за контрола на симптомите.

###
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1