Зборот вендуза има арапско потекло и накратко значењето му е, цица или цицање млеко, а се користел за да се објасни дренирање на градите на мајката додека бебето цица.
Оваа древна постапка за лекување на многу болести прво се применувала во традиционалните третмани на Вавилонците , потоа кај Малезијците каде што е позната под името „бекам”, во Кина е наречена „гуа ша“, а Арапите ја нарекуваат „вендуза”.
Како алат за оваа техника се користеле животински рогови, различни садови како шолји направени од бамбус, метал, стакло, а во поново време и пластика.
Вакуумот во поново време се добива со исшмукување на воздухот од животински рогови при што на телото бил ставан поширокот крај од рогот.
Друг начин на добивање на вакуум бил да се запали парче хартија или памук, а најсовремен начин е преку посебна вакуум пумпа.
Вендузирањето се врши така што на кожата на различни точки на телото, се ставаат малечки садови и од нив се истиснува воздухот и се создава вакуум. На овој начин, на кожата и поткожните структури предизвикуваат акумулација на крвта на местото кое е без воздух. Откако ќе се отстрани садот на телото остануваат црвени кругови.
Се верува дека крвта која лежи под кожата е полна со отрови кои може да предизвикаат болка. Тие на овој начин се отстрануваат од телото. Современите научни медицински студии, спроведени ширум светот покажале дека постои очигледна разлика во составот на крвта пред и онаа по направената вендуза.
Повеќе на – Бабин Лек