Лепа Брена купи брод од 100.000 евра за да крстари по Јадранот


Балканската фолк-дива и сопственичка на „Гранд продукција“, Лепа Брена секое лето сосвојот сопруг Бобан Живоиновиќ изнајмува луксузни јахти за крстарење по Јадранот, па неодамна одлучила и самата да стане сопственик на еден таков луксузен брод.

Со оглед на тоа што Лепа Брена најмногу ужива да плови по заливите, таа купила брод кој е прилагоден токму на таква пловидба, пренесува српски „Курир“.1377348-lepa-brena-foto-facebook-1408262268-552249

– Брена и Боба секоја година изнајмуваат јахти, но никогаш не сакале да имаат сопствена јахта. Иако имаат дооволно пари да си приуштат таков луксуз, сепак по иницијатива на Брена се одлучиле да купат помал брод, кој е полесен за одржување. Неговата основна цена е околу 25.000 евра, а со додатна опрема, која е неопходна може да достигне цена и до 100.000 евра.

Овој брод е доволно комфорен за нејзиното семејство и нивните пријатели, вели близок извор на семејството Живоиновиќ.

Брена крстареше и минатата година. Откако ги скрши двете раце и имаше неколку операции, лекарите и препорачале дека крстарењето е добра рехабилитација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1