Лепа Брена утринава доживеала сообраќајна несреќа и е тешко повредена на пат кон Макарска каде вечерва и утре требала да одржи два распродадени концерти.
Како што пишуваат хрватските медиуми, на Брена скршени и се двете раце. Таа е итно хоспитализирана и во тек е операција во специјална болница во Ловран.
Сите нејзини активности се откажани на неодредено време.
ОБНОВЕНО
Хрватските медиуми јавија дека Лепа Брена имала сообраќајка кај макарска и дека во моментов е на операција, но српскиоот Телеграф објави изјава на сопругот на Брена, Боба Живојиновиќ, кој вели дека таа информација не е точна.
-Брена се лизна и падна во текот на појадокот. ја скрши раката и затоа е во болница- вели Живојиновиќ.