Згодникот затвореник кој го освои светот ќе стане манекен. Еден козметички салон кој се занимава со отстранување на тетоважи на затвореникот Џереми му понуди серија лекарски третмани да ги избрише тетоважите.
Покрај понудата за отстранување на тетоважите, на маса е и понудата за кауција за побрзо да излезе од затвор и да почне да работи како манекен.
Луѓето од козметичкиот центар велат дека на идејата за овие понуди дошла од изјавата на неговата мајка која кажала дека поради тетоважите на неговото тело, луѓето имаат предрасуди за него.
Од друга страна модните куќи се заинтересирани не само за Џереми туку и за неговото тетовирано тело кое му дава изглед на лошо момче.