Летовите од Македонија кон Брисел се одвиваат нормално


Авиосообраќајот од Македонија кон Брисел се одвива нормално согласно утврдениот возен ред. За денеска и утре нема закажани летови кон оваа европска престолнина, а следниот лет треба да се реализира во петок преку авиокомпанијата „Визер“ на аеродромот „Шарлоа“ кој не беше цел на терористичките напади што вчера се случија во Брисел.viz air avion

Авиосообраќајот на двата македонски аеродрома се одвива нормално, според редовните распореди на летање, информира прес- службата на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Оттаму истакнуваат дека во соработка со надлежните институции се преземаат сите мерки на претпазливост во рамки на меѓународните авијациски стандарди.

Досега дел од европските држави го подигнаа нивото на безбедност на нивните аеродроми.

Брисел вчера беше цел на терористички напади во кои загинаа 32 лица, а над 250 беа повредени. Цел на нападот беа аеродромот Завентем и метрото во центарот на Брисел. Одговорноста за нападите ја презеде терористичката група Исламска држава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1