Додека судот одлучуваше за уставноста на одлуката за распишување референдум, десетмина граѓани одржаа мирен собир пред Уставен. Со транспаренти порачаа деветте уставни судии треба да мислат на достоинството на поколенијата и како што рекоа – да не бидат дел од предавството. Подносителите на иницијативата пак, после одлуката на судиите, излегоа со став дека денеска е погребана правдата и оти поради тоа не преостанува ништо друго освен бојкот на референумот.
„Очигледен беше притисокот врз Судот. Одлуката за Судот за нас е неприфатлива. Судиите во расправата беа контрадикторни. Имено отфрлија расправа за Договорот со Грција, бидејќи не е предмет на расправа, но заклучија дека со референдумското прашање не се гласа за Европската унија и НАТО, туку за Договорот со Грција“, изјави Тодор Петров – Светски македонски конгрес.
„Ова е срамен дел за владеењето на правото во Република Македонија, денеска е погребана правната држава преку политичка, а не правна одлука на судиите. Според нас, бојкотот останува како единствено масовно средство за враќање на правната држава“, рече Димитар Апасиев – „Левица“.