Мајкл Хенлајн во 1980-та година бил обвинет за убиство кое не го направил.
Заради тоа тој во затвор одлежал цели 35 години. Организацијата “California Innocence Project” со години ја докажувала неговата невиност, а на крајот успеала во тоа.
Мајкл бил ослободен од затвор по најдолгото незаслужено лежење во историјата на Калифорнија. По излегувањето првата работа што посакал да ја направи е да проба хамбургер каков што видел на рекламите.