Либанскиот Парламент укина закон со кој му се дозволуваше на извршителот на кривичното дело – силување, да избегне казна доколку се ожени со жртвата. Со тоа, Либан стана трета арапска држава што укина таков закон.
Со законот се одобруваше запирање на процесот против личност што извршила силување доколку се ожени со жртвата.
Денешната одлука е донесена по неколкугодишна кампања против тој закон на либански организации за заштита на човековите права. Во изминатите недели Јордан и Тунис укинаа такви закони.
Неколку држави во регионот имаат слични закони меѓу кои Алжир, Ирак и Кувајт, соопшти Хјуман рајтс воч.