Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и Мирослав Грчев си ги вработиле своите деца во ЕЛЕМ – дознава Лидер од извори во оваа државна компанија.
Како што пишува Лидер, Бесија Џафери, ќерка на претседателот на Собранието Талат Џафери во АД ЕЛЕМ е вработена како референт за правни работи од петти месецов.
Од истиот датум, како инженер за животна средина, вработен е и Димитар Грчев, кој е син на архитектот Мирослав Грчев кој во исто време е советник во Министерството за култура и голем промотор и подржувач на политиките на власта.
Децата на функционерите се вработени со договор за привремено вработување, што било потврдено и од анонимни извори од Агенцијата за вработување.