Лидерот на Северна Кореја е болен?


Младиот лидер на Северна Кореја не беше на неговото вообичаено место на седницата на симболично назначениот Парламент на државата, што дополнилнително ги подгреа шпекулациите на јужнокорејските медиуми дека Ким Јонг Ун можеби е болен.

На државната телевизија беше објавен само дел од седницата на Врховното народно собрание, но Ким не беше присутен и најверојатно ова е прво негово отсуство откако дојде на власт по смртта на татко му Ким Јонг Ил во декември, 2011 година, рече висок службеник на Министерството за обединување на Јужна Кореја, кој бараше да остане анонимен согласно правилата на службата.

kim-jong-unКим, трето поколение на неговото семејство што владее со земјата, обично го има секаде, но го нема на државните медиуми откако присуствуваше на концерт во Пјонгјанг на 3 септември. Во ТВ-пренос во јули можеше да се види како накривнува, а истото се случи во почетокот на месецов, па јужнокорејските медиуми шпекулираат дека Ким е болен, иако не се дискутира за неговото отсуство во медиумите во Северна Кореја кои се под контрола на државата. Севернокорејските медиуми објавија дека Парламентот го одобрил унапредувањето на Хванг Пјонг Со, висок функционер кој се смета дека станува с поблизок човек од доверба на Ким, на позицијата потпретседател на одборот на влијателната Комисија за државна одбрана.

Врховното народно собрание ретко одржува седници повеќе од еднаш годишно, но ова беше втора седница годинава. Во пракса собранието има мали овластувања и кога не заседава неговата работа ја завршува едно помало, многу повлијателно тело наречено президиум.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1