Лидерска средба кај Претседателот Стево Пендаровски


Организирање предвремени парламентарни избори е фокусот на лидерската средба закажана за денес попладне во 17 часот, иницирана од претседателот Стево Пендаровски, откако државава не доби датум за почеток на преговори за членство со Европската унија.

Своето учество на средбата го најавиле сите поканети, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Зијадин Села, Африм Гаши и Билал Касами.

Речиси сите од нив во пресрет на средбата побараа предвремени избори. Власта бара нов мандат за да ги продолжи реформите, а опозицијата казна за Владата за неуспехот за почнување преговори со ЕУ и доверба за, како што велат, нов почеток за државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1