Премиерот Зоран Заев го прифати барањето за лидерска средба со Христијан Мицкоски, на која ќе се разговара за актуелните политички случувања во Република Македонија, а како што дознава КУРИР средбата ќе се одржи во недела на прочка.
Власта и опозицијата се подготвени да седнат на заедничка маса и да зборуваат за актуелните политички случувања, претседателските избори, иднината на Република Македонија како и за патот на Македонија кон НАТО и Европската унија.