Лидија Димчевска стана в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје


Судијката Лидија Тимчевска е назначена за вршител на должност Претседател на Апелацискиот суд во Скопје. Иако денеска Судскиот совет требаше да избере шеф на овој суд откако и денеска официјално актуелната претседателка Лилјана Шопова отиде во пензија.

Судскиот совет одлучи дека вонредно ќе ги оценува пријавените кандидати бидејќи оценувањето врз кое се базираше изборот е од 2015 и 2016 година. Сега дополнително кандидатите ќе бидат тестирани вонредно за Советот да добиел вистинска слика за кандидатите.

На конкурсот за шеф на Апелација има четири кандидати од скопска Единица. Токму тие беа причината за вонредно оценување со објаснување на дел од членовите на Судскиот совет дека можеби нивните оценки се нереални со оглед на злоупотребите во Кривичниот суд во тој период или рачната распределба на случаи и манипулацијата со АКМИС системот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1