ЛИКВИДИРАН УБИЕЦОТ НА АРКАН: Изрешетан Милан Ѓуриќиќ Мики


Милан Ѓуриќиќ Мики од Лозница, кој е осуден на 30 години затвор поради убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан и двајца негови пријатели во хотелот Интерконтинентал, на 15 јануари 2000 година, е убиен во Јужна Африка, дознава српски Курир.

Како што дознава српскиот портал, во српското МВР се уште нема официјална потврда за убиството на Милан Ѓуриќиќ, но српската полиција преку канали во Интерпол и меѓународната полициска соработка ќе се обидат да ги проверат информациите.

Бидејќи Ѓуриќиќ е во бегство од октомври 2006 година, постапката против него е застарена, па судот ја повлече потерницата.

35 годишниот Добросав Гавриќ, кој е осуден на 35 години затвор поради убиството на Аркан и двајца негови пријатели Миленко Мандиќ Манда и Драган Гариќ Гаре и понатаму се во куќен притвор во Јужна Африка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1