Бронхитис
Излупете 4 лимона, исечете ги на кругови, посиптете ги со малку шеќер и оставете ги да отстојат најмалку 12 часа. Три пати дневно испијте по една лажица сок.
Исто така можете неколку лимона да исцедите на памучен шал, да го ставите на градите во вид на облога и да го оставите да делува неколку часа.
Искашлување
Една до врв полна лажичка за кафе сушена мајчина душица и 2 парчиња лимон прелејте ги со шолја зовриена вода, покријте ги и оставете ги малку да отстојат. Исцедете ги и испијте го топлиот сок.
Исто така можете да испиете сок од еден лимон и една изрендана јаболка со два пати повеќе вода засладена со една лажица мед.
Кашлица
Добро измешајте 150 мл. свеж цеден сок од лимон и иставете иста количина на маслиново масло. Пијте по една чајна лажица се додека кашлицата не помине.
Воспалено грло
Исплакнете го грлото со мали голтки три пати на ден со чаша топла вода во која сте додале сок од еден лимон и малку сол.
– Исплакнете го грлото со мали голтки топла вода со лимонов сок (додајте и лажичка мед) три пат дневно.
– Неколку пати на ден пијте сок од лимон засладен со лажица мед.
Во една чаша топла вода исцедете сок од 1 лимон, натопете газа, ставете ја на предниот дел на вратот и заврзете една сува марама или шал околу вратот.
Главоболка
– Испијте дупло еспресо без шеќер во кое ќе исцедите сок од лимон.
– На челото ставете кружни парчиња лимон и заврзете ги со марама. .
– На памучен шал исцедете сок од еден лимон, ставете го на челото и држете го половина час.
Во една чаша вода исцедете сок од лимон и испијте неколку пати на ден, а по желба додајте и малку мед.
Настинки и грип
Доколку сакате да ја намалите температурата тогаш на слепоочниците ставете по едно кружно парче лимон и истото зацврснете го со марама.
Испијте една чаша вода во која сте исцедиле сок од лимон. на која што стискаш сок од лимон.
Во сад измешајте: 6 лажички сок од лимон, 1 литар вода, 1 литар млеко, 1/8 бело вино и 250 грама шеќер. Сверете го ова и остајте го малку да се излади. Испијте го пијалакот додека сè уште е топол.
Крварење од нос
Натопете памук со сок од лимон и ставете го во ноздрите и оставете го да делува 15 минути. Првите 5 минути ноздрите стиснете ги со прсти.
Расекотини
За спречување на силно крвавење и дезинфекција, раната намачкајте ја со сок од лимон, а за да го спречите печењето, исперете ја раната со сок од лимон разреден со вода, или истиот тој раствор натопете го во памук и ставете го на раната.
Доколку имате афти или пак исекотини во устата, тогаш три пати дневно исплакнете ја устата со чаша млака вода со исцеден сок од лимон.
Непријатен здив од устата
Исто како кај афтите, три пати дневно, исплакнете ја устата со чаша млака вода со исцеден сок од лимон.
Подигнување на имунитетот
Секое утро со мали голтки пијте една чаша млака вода со сок од 1 лимон.
Уморни нозе
Ставете ги нозете во купка во која сте исцедиле еден лимон.
Ослабени нерви и раздразливост
Измешајте 1 жолчка од јајце, сок од лимон и 1 лажичка мед и испијте ја смесата.
Киселини
Во една чаша вода исцедете сок од еден лимон и испијте ја.