Лимузината на Трамп ќе има залихи на крв и ќе биде отпорна на бомби ФОТО


Автомобилот на новиот американски претседател Доналд Трамп првпат ќе се појави во јавноста на денот на инаугурацијата 20 јануари.

Првиот поглед на претседателскиот автомобил „Кадилак уан“ (Cadillac One) познат и како „Ѕвер“ открива дека неговите карактеристики ќе бидат поимпресивни од оние кои ги имале автомобилите на неговите претходници.tramp kola

Фотографиите коишто ги објави сајтот „Аутоблог“ не откриваат многу, бидејќи возилото на нив е обоено со камуглажна боја за да се прикријат карактеристиките.

Кадилакот ќе биде опремен со оружје и топови кои испалуваат гас солзавец, а вратата и прозорците на лимузината ќе бидат отпорни за куршуми и хемиски и биолошки напади, пренесува „Дејли мејл“.

Во претседателската лимузина секогаш ќе се наоѓаат и шишиња со крв која одговара на крвната група на претседателот, а која може да се употреби ако дојде до итен случај.kola tramp2 kola tramp3

Точните детали не се објавени, но се шпекулира дека лимузината ќе биде отпорна и на импровизирани експлозивни направи.

Тајната служба предложила замена за претседателската лимузина во 2014 година и новиот модел сега ќе замени флота од 12 автомобили кои ги користел претседателот Барак Обама од 2009 година.

Се очекува автомобилот да биде вооружен како воените возила и дека вратата ќе биде толку тешка така што претседателот Доналд Трамп нема да може да ја отвори одвнатре.kola tramp1

Лимузината ќе задржи некои од карактеристиките на моменталниот модел кој важи за еден од најбезбедните возила на планетата.

Лимузината собира седум лица, а има и скриени резервоари со кислород кои ќе го снабдуваат автомобилот со чист воздух, во случај надворешниот воздух да стане токсичен.

Моделот кој го користел претседателот Барак Обама исто така имал и камери за ноќно снимање, гуми обложени со кевлар, специјална пена која се шири во случај на удар и го спречува резервоарот да експлодира.
На компанијата „Генерал моторс“ и се платени вкупно 15 милиони долари за развој на новите претседателски возила, покажуваат документите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1