Линдзи Лохан направи вистински хаос на социјалните мрежи кога објави серија на фотографии од нејзиниот свршеник Егор Тарабасов на ноќни забави.
– И јас бев таква на 23 години. Тоа се глупави времиња, се се менува кога ќе наполниш 26 или 27. Ти благодарам што не дојде дома вечерва. Славата ги менува луѓето, му порача Лохан.
Во следната објава таа го обвини дека Егор ја изневерува со Даша Пашевкина, до неодамна нејзина пријателка, кој ја нарече со вулгарни зборови.
Набрзо по сето ова, нејзиниот свршеник се вратил дома, па Лохан продолжи со нова драма. „Сан“ пишува дека актерката во еден момент почнала да вика дека свршеникот се обидува да ја убие.
– Помогнете ми. Само што се обиде да ме задави и убие, наводно викала хистеричната актерка.
Што се случува меѓу Лохан и 30-годишниот руски милионер Тарабасов и како тоа ќе заврши, останува да се види.