Листата на училишта каде ќе има настава со физичко присуство


Дозвола за настава со физичко присуство Министерството за образование и наука одобри за 223 основни училишта, од вкупно 325 што се пријавија. 196 од нив се периферни а 27 централни училишта. Дадена е дозвола за физичко присуство во училиште за деца со посебни потреби и делумно за основно музичко училиште.

14 средни училишта од вкупно 27 кои аплицирале не добиле дозвола за наставата со физичко присуство заради епидемиолошката состојба во општината каде што се наоѓаат и големиот број ученици.

Според листата што ја објави Владата, настава со физичко присуство ќе има главно со училишта во руралните средини и тоа во битолско, во општините Боговиење, Босилово, Брвеница, Делчево, Демир Хисар, Кичево, Крива Паланка, Крушево, Могила, Ново Село, Охрид, Пробиштип, Ресен, Росоман, Струмица, Свети Николе, Маврово- Ростуше, Студеничани, Желино, Градско, Јегуновце, Виница, Шуто Оризари, Дојран, Кавадарци.

Делумна согласност за организирање настава со физичко присуство Владата даде за музичките училишта во Кочани, Охрид, Неготино, Струмица, Кавадарци и Скопје и за централното основно училиште во Пробиштип.

Настава со физичко присуство може да се организира и во државното основно училиште за ученици со посебни во Ново Село.

Комплетната листа на училишта каде има согласност да се следи настава со физичко присуство и оние на кои тоа не им е дозволено, може да ја погледнете тука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1