Лизгање на земјиште во Драчево – ако падне столбот на ЕВН без струја Драчево, Китка, Батинци…


ЕВН Македонија интензивно работи на обезбедување непречено снабдување со електрична енергија во населба Драчево. Поради лизгање на земјиштето предизвикано од градежни активности од трето лице во опасност да падне е 110 кВ столб на трасата од Трафостаница Скопје 4 (400/110 кВ ) кон Трафостаница Драчево 1 (110/10 кВ). Без напојување може да останат населените места Драчево, Батинци, Љубош, Количани, Китка, Црвена Вода, Алдинци, Караџица, Солунска глава, Палиград, Цветово и Варвара.evn-dracevo3-e1426628651381

ЕВН Македонија ги извести сите надлежни и засегнати од можноста столбот да падне и да предизвика прекин во снабдувањето со енергија, но и застој во сообраќајот на регионалниот пат  Скопје – Драчево во делот на клучката кон населеното место Батинци.

Екипите на ЕВН Македонија постојано се на терен,  се прават напори корисниците да се снабдуваат од други напојни точки.

Се апелира на разбирање од корисниците за евентуалните можни прекини во снабдувањето и на разумно користење на електричната енергија додека трае санирањето на столбот. За ситуацијата се известени Центарот за исвестување и тревога на РМ, како и надлежните кои треба да преземат соодветни мерки кон предизвикувачот на лизгањето на земјиштето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1