Тој феномен се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината се на исто рамниште. Тогаш Месечината добива црвен отсјај, бидејќи влегува во сенката на Земјата, поради што таа појава често се нарекува “Црвена Месечина”.
Според извештајот на вселенската агенција, затемнувањето ќе биде видливо во западниот дел на САД и Канада, доколку времето не е облачно.
Целата случка ќе може да се следи во живо на веб страната sloosh.com.
Затемнувањето ќе започне во 11 часот по средноевропско време и ќе трае 3 часа и 30 минути, навела НАСА. НАСА додава дека наредното затемнување ќе се случи на 4-ти април и 28-ми септември 2015-тата година. Затемнувањето на Месечината како спектакуларна астрономска појава во минатото често било замислувано како лош знак кој најавува пропаст на некаков потфат.
Пример за тоа е затемнувањето кое се случило на 22-ри мај за време на турската опсада на Цариград во 1453-тата година, кога градот паднал, а Византија била уништена.
Tocka.com.mk